интервју со новинарот Лукаш Враблик од Goal.com, македонскиот играч од средниот ред Давид Бабунски е „прогласен“ за најинтелегентниот фудбалер на светот, и во кое фудбалерот зборува са невро-наука, Бог и филозофија" />
| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.06.2017

Goal.com: Бабунски е најинтелегентниот фудбалер на светот!

Во интересно интервју со новинарот Лукаш Враблик од Goal.com, македонскиот играч од средниот ред Давид Бабунски е „прогласен“ за најинтелегентниот фудбалер на светот, и во кое фудбалерот зборува са невро-наука, Бог и филозофија

Новинарот е зачуден што 23-годишниот поранешен фудбалер на Барселона, наместо да игра Плејстејшн, ја пишува својата книга и чита книги за невропсихологија. Враблик посочува дека нашиот фудбалер не е „обичен“ фудбалер, туку целосна спротивност од стереотипот за фудбалерите кои сакаат пари, автомобили и жени.
Бабунски објанува зошто било потребно толку долго време за Македонија да се квалификува на едно првенство.
„Македонија, едно од најголемите и најмоќните кралства во историјата на земјата, беше во заборав од многумината кои и завидуваат на историјата. Македонците се загубија во негативниот и песимистички умствен склоп. Не беше лесно да се убеди цела земја дека може да се смени менталитетот. Тоа е борба која ја водам цел живот.  Сонот ми е да постигнам нешто прекрасно за Македонија и покрај гласовите кои велат дека тоа нема да се случи. Пласманот на Европското првенство ноши нешто многу повредно за нас од обични квалификации. Носи нова енергија во земјата, со која можеме да градиме посветла иднина. Преку фудбалот, ние позитивно влијаевме на луѓето“, вели Бабунски.


Тој исто така е подготвен да ги предизвика „нормите“ на општеството и планира да го направи тоа преку книга на која работи.
„Мојата книга ќе ја претстави можноста за остварување на радикална промена во човечкиот ум. Со неа ќе откријам серија процеси со кои човекот може да ја прошири својата свест и да продолжи со еволутивниот развој. Тука ставам под лупа многу теми - религиозни, научни, образовни, економски, политички, националистички и културни. Зошто не можеме да се промениме и да воспоставиме хармонија во светот и покрај тоа што имаме толку искуство и знаење?“, се прашува Бабунски.



Датум: 17.06.2017, 10:11
Статијата е прочитана 11354 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense