| контакт | маркетинг

18.03.2017

Панико ќе ги тренира младите „Аѕури“

Првпат на Апенините машка фудбалска репрезентација ќе биде водена од жена

Се работи за Патрисија Панико, која го презеде националниот фудбалски тим до 16 години за двата пријателски натпревари, против Германија на 22 и 24 март во Верона.
46-годишната Панико е поранешна фудбалерска и играла за „Аѕурките“. Таа досега работеше во стручниот штаб на селекцијата до 16 години како помошник на селекторот Даниеле Ѕорато.
„Тоа го сметам за голем успех. За мене тоа нема да биде прва, а ниту последна средба како селектор на машки национален тим“, коментира Панико.


 



Датум: 18.03.2017, 10:46
Статијата е прочитана 1632 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense