| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.03.2017

УО на ФФМ ги потврди Ганиу и Илиевски

И дефинитивно македонскиот национален тим и селекторот Ангеловски добија нови асистенти

Висар Ганиу и Милан Илиевски и официјално се нови помошници на селекторот на нашата најдобра фудбалска репрезентација Игор Ангеловски. Нивната официјализиција ја потврдија членовите на Управниот Одбор на Фудбалската Федерација на Македонија на денешната своја седница. Ова доаѓа откако на последното Собрание на ФФМ првиот асистент на Ангеловски, Арѓент Беќири беше кооптиран во УО на ФФМ. Па така Ганиу некогашниот тренер на Шкупи и Илиевски кој е помошник тренер во Работнички, ќе му се придружат на Ангеловски во недела за кога е закажан собирот на репрезентацијата за мечот со Лихтенштајн.



Датум: 14.03.2017, 20:47
Статијата е прочитана 2337 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense