| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.06.2017

Грозданоски и Положани во Струга Трим Лум!?

Стружани очигледно дека подготвуваат супер тим за наредната сезона во Втората лига

Струга Трим Лум очигледно дека планира следната сезона не само да игра битна улога во второлигашкиот шампионат туку и веднаш да се искачи скалило погоре, да влезе во елитата. Според информациите, стружани во своите редови ги посакуваат, ни помалку ни повеќе, досегашните членови на Вардар, односно на Шкендија, Влатко Грозданоски и Артим Положани.  Обајцата во подоцнежни фудбалски години, но имаат уште што многу што да дадат на теренот. Обајцата, по завршувањето на епизодата во Вардар, одосно во Шкендија, се во потрага по нова фудбалска средина, а како што дознаваме, Струга Трим лум веќе ги контактирала и им понудила услови под кои би ѝ пристапиле.
Доколку навистина се случи ова и Струга ги ангажира двајцата поранешни македонски репрезентативци, а наедно и прекалени интернационалци, тогаш таа ќе биде убедливо најдобриот клуб во второлигашката конкуренција, налик на она што беше Академија Пандев минатата сезона.



Датум: 28.06.2017, 13:00
Статијата е прочитана 4129 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense