| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.08.2017

Перфекција: Шкендија повторно во плеј-офот во ЛЕ!

Победа од 3:0 над Тракаи. Тетовскиот тим изгледаше моќно против Литванците кои немаа никакви шанси во Струмица денеска

И покрај тоа што во Струмица тргна со негатива од 2:1 после првиот дуел, Шкендија денеска не му даде ни најмала шанса на Тракаи да се надева на пласман во следната рунда, победувајќи го со 3:0 и со вкупни 4:2 се пласираше во следната фаза.
Откако Абдурахими два пати се закани, потоа Хасани ја погоди пречката. Меѓутоа во 29. миунта Бесарт Ибраими од 25 метри погоди во десниот агол за водство на Шкендија. Потоа Бејтулаи со „бомба“ од триесетина метри погоди во пречката. Тетовската екипа нападна да постигне и втор гол, и во тоа успеа во 42. минута кога Хасани прекрасно го изведе слободниот удар и погоди во горниот лев агол. Одличен погодок на капитенот на „црвено-црните“.
Во вториот дел четата на Османи ја чекаше шансата преку противнапади да даде трет гол и тоа успеа на две минути пред крајот кога после една супер акција, Хасани успеа да постигне гол. Шкендија имаше уште неколку шанси пред овој трет гол преку Ибраими и младиот Шефити, меѓутоа не даде порано гол.
Интересно е тоа што Шкендија на секој натпревар кој го одигра во Струмица дава по три гола. Сите добија по три гола почнувајќи од Дачија, па Хелсинки и сега Тракаи. Интересно е тоа што и Вардар со три гола го совлада Малме, а Лех победи со „тројка“ против Пелистер. Значи во Струмица сигурна „тројка“.
Шкендија втора сезона по ред е во плеј-офот во Лигата на Европа откако и лани успеа да стигне до оваа фаза и беше елиминиран од Гент.



Датум: 03.08.2017, 18:57
Статијата е прочитана 4605 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense