| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.02.2017


Игор Ангеловски: Доминација за шампионот

Селекторот на нашата најдобра репрезентација со свој стручен коментар по повод мега - дербито меѓу Вардар и Шкендија кој го доби домаќинот со 3:1

„Дербито ги оправда очекувањата, но само од страна на Вардар. Сосема заслужена победа на шампионот кој сметам дека апсолутно заслужено победи и освои многу важни три бода против Шкендија. Во текот на целиот натпревар составот на Гоце Седлоски беше тој што доминираше, што создаваше шанси и на крај постигна три голови. Според мене, односно од тоа што јас го видов во живо, Вардар во сите елементи на фудбалската игра ја надигра Шкендија која искрено разочара. Јас лично но и сите други љубители на фудбалот секако дека очекуваа многу повеќе од тимот кој навистина има поединечни квалитети. Но, тоа не е доволно за победа на еден ваков мега - дерби дуел. Јас реков пред натпреварот дека ќе победи тимскиот дух и така и беше. Вардар на ова дерби го красеше тимската игра, надополнета со блесокот на Фелипе, Блажевски и уште некои момци во тимот на шампионот. Секако дека немам право да се мешам во ниту една тактика или формација, или, пак, за тоа кој треба да игра или не, само сакам да потенцирам дека многу повеќе очекував од новаците во Шкендија, сите четворица играа, но не видов ништо посебно. Веројатно им треба време да се аклиматизираат во новата средина. Сега разликата во однос на Вардар и Шкендија е седум бодови на табелата, таа разлика е голема, но мислам дека сè уште е рано шампионот да слави нова титула, има уште многу да се игра“, коментира селекторот на нашата најдобра репрезентација.



Датум: 27.02.2017, 10:34
Статијата е прочитана 2606 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense