| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.12.2017

САХИТИ СИ ОДИ ОД ГРАДСКИ ПАРК

Дознаваме дека Емир Сахити но и Работнички, ќе прифатат една од понудите кои деновиве пристигнале на негова адреса

Лани ова време само повредата го спречи веќе договорениот трансфер на Емир Сахити во Динамо Загреб. По операцијата тој се врати во составот на Работнички но затоа сега веројатно ќе има повеќе среќа. Имено како што велат нашите информации, младинскиот репрезентативец на Албанија и фудбалер на „романтичарите“ во последните три години, си заминува од Градски парк оваа зима. Ќе тргне по стапките на својот нешто постар брат Суад Сахити кој во август се пресели од Работнички во Скендербег. Е сега дали Емир ќе ја продолжи својата кариера во Албанија или во некоја друга земја, останува да се види.
Инаку што се однесува до Работнички, во текот на оваа недела, најдоцна до крајот на следната, би требало поголем дел од работите да се дефинираат. И тоа во однос на тоа кој се ќе потпише или кој покрај Илиев, Шишковски и Погосјан ќе се оди од клубот.



Датум: 20.12.2017, 18:02
Статијата е прочитана 1859 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense