| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.05.2017

Шкупи шампион на Македонија

Во директен дуел против својот најголем ривал, во последното коло од првенството, екипата на Шкупи ја обезбеди шампионската титула

Натпреварот меѓу овие две екипи, што се одигра во преполната сала „Енвер Идризи“ во Чаир заврши со резултат 3:3, со што чаирчани ја завршуваат сезоната со 68 бодови, три повеќе од Велес кој освои 65. Ова е првиот шампионски трофеј за тимот од Чаир, до кој играчите во „сино-бели“ дресови дојдоа сосема заслужено со оглед на тоа што во трите меѓусебни натпревари против велешани ниту еднаш не загубија, односно имаат една победа и две нерешени средби.
Стрелци на головите за Шкупи на оваа средба беа Алили и Далип, кој двапати ја затресе противничката мрежа, додека кај екипата на Велес, ефиксани беа Ранготов, Тодоровски и Левески.
Истите две екипи ќе имаат уште една директна пресметка за трофеј, но во финалето од Купот, што ќе се игра во Струмица на 28 мај.



Датум: 21.05.2017, 13:51
Статијата е прочитана 2280 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense