| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.07.2017

Малме се „тресе“, се повредија и Сафари и Јеремејеф

Двајцата го напуштија предвреме теренот на мечот со Хакен во Гетеборг, и се крајно неизвесни за пресметката против Вардар

На натпреварот против Хакен, Малме имаше многу причини за загриженост. Шведскиот првак ја заврши средбата со 10 играчи, поради повредата на Бег Сафари кој што предвреме ја напушти играта, односно пред крајот на полувремето. Ја повреди потколеницата.

Пред крајот и Александар Јеремејеф мораше да излезе поради болки во препоните, со што Малме го заврши мечот со 10 играчи, со оглед дека веќе беа направени трите замени.

Станува збор за двајца стандарни играчи на Швеѓаните кои што ретко пропуштаат натпреварите.

Познато е претходно дека Маркус Розенберг е повреден, и нема да настапи за дуелот против Вардар.



Датум: 09.07.2017, 10:35
Статијата е прочитана 2889 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense