| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.09.2017


По барањето на Вардар, 19. коло ќе се игра напролет

Беше планирано тоа 19. коло да се игра на 10 декември, но шампионот бара на тој ден да го игра заостанатиот меч со Академија Пандев од 8. коло

Со пласманот на Вардар малку, ако не и малку повеќе, се поместија термините во нашата елитна лига, тука, пред сѐ, мислиме на есенскиот дел во тековната сезона. Имено, Вардар како да му направи проблем на комесарот за натпревари во ФФМ. Па така ќе мора да направи измени во термините.
Имено, како прво, веројатно 19. коло, коло кое беше закажано да се игра на 10 декември, ќе биде одложено за напролет. И тоа го бара Вардар. А во тој термин Вардар бара да го одигра одложениот меч со Академија Пандев од 8. коло, меч кој веќе се одложи, а цело тоа коло се игра во среда. Оној заостанат меч со Работнички од 3. коло ќе се игра на 6 декември (среда). А есенскиот дел да заврши со одигрување на 18. коло на 3 декември. Тоа е барањето на Вардар, но и планот на надлежните во Фудбалската федерација на Македонија.

НАЈДЕН ТЕРМИН ЗА КУПОТ

И тоа не е сѐ. ФФМ си има „проблеми“ со Вардар и поради неговиот настап во Купот на Македонија. Имено, останатите екипи веќе ги одиграа првите мечеви од 1/8-финалето во Купот, реваншите се играат на 18 октомври. Вардар не играше со Шкупи, а на 19 октомври се среќава со Реал Сосиедад во Скопје. Значи, и во тој термин вардарци не можат да играат. Па поради тоа, решено е Вардар своите мечеви од 1/8-финалето во Купот да ги игра во термините кога останатите ќе ги играат своите мечеви во 1/4-финалето. А ако мине, тогаш Вардар двомечот од 1/4-финалето ќе го игра напролет.



Датум: 23.09.2017, 13:17
Статијата е прочитана 1004 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense