| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.06.2017

Скендери се враќа во Ренова

Лавдрим Скендери ќе биде првото летно засилување за екипата на Ренова. Скендери летово ја прекина соработката со косовскиот прволигаш Феризај, откако тимот испадна во понизок ранг.

За официјализирање на враќањето на 23-годишниот Скендери во својот матичен клуб е потребно само да ја среди документацијата околу раскинот на договорот со Феризај.
„Многу сум задоволен што се враќам во мојот клуб. Ќе се трудам да дадам максимум за тимот во обидот да бидеме во горниот дел од табелата. Верувам дека ќе прикажам одлична форма доколку немам проблеми со повредите“ – вели Скндери.



Датум: 22.06.2017, 13:06
Статијата е прочитана 1917 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense