| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.09.2017

Беласица очекува триумф под рефлектори!

Дуел Беласица-Саса е првиот второлигашки дуел во Македонија кој ќе се игра под рефлектори на стадионот „Младост“ во Струмица

Ова коло е многу значајно и за лидерот на табелата, Беласица. Струмичани ја пречекуваат Саса од Македонска Каменица, која досега нема ниту еден освоен бод и со евентуален триумф, но и нерешен исход на дуелот меѓу Борец и Брегалница, ќе го направат првиот бодовен исчекор од четири бода предност во однос на своите најголеми конкуренти за првото место. На струмичани тоа им дава дополнителен мотив да го задржат максималниот ефект и по третиот одигран натпревар и да продолжат сигурно да бидат на врвот од табелата.
„На тренинзите работевме напорно за да го задржиме ритамот и за да продолжиме со добрите игри и на следните натпревари. Се надеваме дека тоа ќе ни појде од рака, затоа што во таков случај, резултатот ќе дојде сам по себе. Свесни сме дека нашиот противник има свои квалитети, особено е цврст во одбраната и во средниот ред, но верувам дека ако ние одиграме најдобро што можеме, нема да имаме поголеми проблеми. Исходот на претстојниот дуел најмногу зависи од нас“, смета левиот бек на Беласица, Ѓорѓе Џонов.

РЕФЛЕКТОРИ ВО СТРУМИЦА
Освен што ќе има можност да се надева на нов триумф на Беласица, струмичката публика ќе има уште една причина повеќе во што поголем број да дојде на стадионот „Младост“. Тоа е терминот на одигрување на натпреварот меѓу Беласица и Саса, кој е закажан за во 19 часот. Тоа значи дека натпреварот ќе се игра под рефлектори, што, секако, му дава дополнителна привлечност. Останатите средби ќе се играат со почеток од 15:30 часот.

СТРУГА И ГОСТИВАР ВО ТРКА ЗА ВРВОТ
Двата клуба имаат добар старт на сезоната,  а во меѓусебниот дуел ќе се одлучи кој ќе има не добар, туку одличен старт на сезоната.
Второлигашката конкуренција полека, но сигурно го зема потребниот залет. Минаа две кола, викендов на ред е третото во кое има неколку дуели кои се интересни и вредни за следење.
Секако, во прв ред тоа е дуелот помеѓу  лидерот по двете први кола, тимот на Гостивар, и амбициозниот состав на Струга Трим-лум.
„Задоволни сме од стартот на шампионатот. Гостуваме кај екипа која има прволигашки амбиции, но ние сакаме да си го задржиме добриот старт на сезоната, односно да ја продолжиме победничката позитивна низа. Ќе ни недостига Башким Љама, тој е еден од нашите клучни играчи, но што е тука е, ќе мора да се справуваме со противникот и без него.  Веруваме во три бода и во победа за и понатаму да останеме на местото каде што сме“, вели тренерот на гостиварци, Менсур Јакупи.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК ДВОЈКИ 3. КОЛО - ДЕНЕСКА 15:30 Ч.
ХОРИЗОНТ ТУРНОВО - ТИКВЕШ
ОСОГОВО - - ПЛАЧКОВИЦА
ПОБЕДА ВАЛАНДОВО – КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА
БОРЕЦ – БРЕГАЛНИЦА
БЕЛАСИЦА - САСА

ТАБЕЛА
1. Беласица 2 2 0 0 5:2 6
2. Брегалница 2 1 1 0 4:2 4
3. Борец 2 1 1 0 1:0 4
4. Кожуф Гевгелија 2 1 0 1 3:1 3
5. Плачковица 2 1 0 1 3:3 3
6. Осогово 2 1 0 1 2:2 3
7. Тиквеш 2 1 0 1 3:4 3
8. Победа (В) 2 0 2 0 1:1 2
9. Каменица Саса 2 0 0 2 1:3 0
10. Хоризонт Турново 2 0 0 2 1:6 0

ВТОРА ЛИГА - ЗАПАД, 3. КОЛО - ДЕНЕСКА 15.30 Ч.
НОВАЦИ - ЛОКОМОТИВА
СТРУГА Т.Л. - ГОСТИВАР
ВЕЛАЗЕРИМИ - ЗАЈАЗИ
ТЕТЕКС - ЕУРОМИЛК
МАКЕДОНИЈА ЃП - ЛАБУНИШТА
ТАБЕЛА:
1. ГОСТИВАР 2 2 0 0 5:1 6
2. СТРУГА Т.Л. 2 1 1 0 4:2 4
3. ЛОКОМОТИВА 2 1 0 1 2:1 3
4. ТЕТЕКС 2 1 0 1 3:3 3
5. ВЕЛАЗЕРИМИ 2 1 0 1 2:2 3
6. НОВАЦИ 2 1 0 1 3:4 3
7. ЛАБУНИШТА 2 1 0 1 1:2 3
8. ЗАЈАЗИ 2 0 1 1 2:3 1
9. ЕУРОМИЛК 2 0 1 1 2:4 1
10. МАКЕДОНИЈА ЃП 2 0 1 1 0:2 1

 



Датум: 16.09.2017, 13:13
Статијата е прочитана 762 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense