| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.11.2017

ФИФА парично ја казни ФФМ со 22.500 франци

Според ФИФА пропусти имало на средбите со Италија и со Шпанија дома, и на гости кај Лихтенштајн. Албанската Федерација пак мора плати неверојатни 250.000 швајцарски франци

Откако завршија квалификациите за СП во Русија 2018 година, остануваат да се одиграат само баражите, се огласи Дисциплинската комисија на ФИФА. Па така ФФМ мора да плати парична казна од 22.500 швајцарски франци и тоа поради пропусти на средбите со Италија и Шпанија дома, но и поради несоодветното однесување на нашите навивачи на гостувањето кај Лихтенштајн. Инаку ова е вкупната казна за целиот наш квалификациски циклус.
И оваа сум е смешна во однос на онаа која мора да ја плати Албанската Фудбалска Федерација, а таа изнесува 250.000 швајцарски франци. Имало пропусти и проблеми речиси на секој натпревар во „Г“ групата кога играла Албанија, а најголема е казната поради скандирање со политички пораки.



Датум: 08.11.2017, 12:37
Статијата е прочитана 1673 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense