| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.08.2017

Турските медиуми за Фенер: Со еден збор – катастрофа!

Турските медиуми не беа нималку нежни за поразот на нивниот гигант во Скопје

Резултатот и играта на Фенербахче, со еден збор – катастрофа! Ова е речиницата со која еден турски медиум ја опишува синоќешната средба на тимот во Скопје.

„Резултатот минатата ноќ со еден збор беше катастрофа. Две недели претходно Галатасарај беше на местото на кое сега е Фенербахче. Сега нема да биде лесно да се работи на Ќадикој (местото каде што е стадионот на Фенер). Големото оружје од противникот е вперено. Ден претходно предупредивме на оваа ситуација. За време на мечот Фенер беше ефективен само против контра нападите“, пишуваат стручни коментатори по медиумите во Турција.

„Фенербахче шокиран“, „Топал и Шкртел невидливи“, „Нападот заспана, одбраната одамна спие“... се дел од насловите кои што можеа да се прочитат синоќа и денеска за дуелот од минатата вечер.

Единствена надеж им дава „Твитер“ пораката на Метју Валбуена кој што искажа: „Многу сме разочарани од резултатот вечерва, но има и реванш. Напред Фенербахче“, напиша францускиот фудбалер на социјалните мрежи.



Датум: 18.08.2017, 12:59
Статијата е прочитана 3196 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense