04.09.2017
Посилни со Елмас против Ерменија

Нашиот бисер патува за Eрменија каде ќе помогне на У21 таборот на утрешниот квалификациски меч.
Елиф Елмас како што дознаваме веќе е на пат за Ерменија и утре ќе биде во комбинација за мечот на У21 репрезентацијата. Како што е познато, младите репрезентативци го стартуваат новиот циклус токму против оваа селекција, а Елмас има право на настап. Тој поради жолти картони не можеше да настапи за А селекцијата против Албанија, па се отвори можност да заигра за младата репрезентација.
Датум:
04.09.2017, 12:04 |