| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.02.2018

Шумуликоски се дружеше со Вардарци, гледаше и Мијушковиќ (ФОТО)

Некогашниот член на репрезентацијата се виде со некогашните соиграчи од селекцијата Попов, Грнчаров, Стојков... Црногорскиот стопер, пак, дојде да го гледа својот поранешен тим

Многу познати „фаци“ на трибините денеска на натпреварот помеѓу Вардар и Словачко во Анталија. Некогашниот фудбалер на националниот тим на Македонија Величе Шумуликоски, се виде со соиграчите од репрезентацијата Бобан Грнчаров, Горан Попов, Александар Васоски, Ацо Стојков... Тие заедно играа во селекцијата на нашата земја и „разбудија спомени“ денеска.
Шумуликоски не настапи за својот Словачко на дуелот со Вардар.
На трибините беше и поранешниот стопер на Вардар, Немања Мијушковиќ. Тој искористи прилика и дојде да го следи настапот на своите некогашни соиграчи од „црвено-црниот“ дрес.



Датум: 03.02.2018, 17:54
Статијата е прочитана 2070 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense