| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.04.2017

Коло во знакот на дуелот Скопје VS Тетово

Денеска од 16 часот се закажани петте меча од 25 коло во Првата лига. Работнички ја дочекува Шкендија, Ренова пак дома игра со Вардар. Тоа се тие два меча од денешниот скопско - тетовски двобој

Работнички ја дочекува Шкендија и оди по рехабилитација по неделниот пораз од Вардар. „Романтичарите“ немаат триумф над тетовци веќе девет меча по ред, односно од мај 2015 година.
„Имаме квалитет за победа, тоа ќе биде тешка дерби средба за нас“ вели Себастијан Херера кој едвај го чека новиот дуел со Стенио Жуниор, тоа ќе биде и колумбиско - бразилски дуел.
Под Шара „гипсарите“ посакуваат нов добар резултат со Вардар. Интересно, шампионот се нема радувано пет години на гости кај Ренова.
Тоа се тие два дерби меча и тоа се тие скопско - тетовски дуели. Шкендија и Вардар мора да знаат дека на последните пет вакви дуели и двете екипи немаат двојна радост. Рабонички и Ренова се нагазни мини за нив. Имено кога Шкендија го победувала Работнички во истиот ден, односно коло, Вардар не славел над Ренова, и обратно.
Интересно ќе биде и во Охрид каде Пелистер по серијата порази очекува бодови против забревтаниот Силекс. Ако не победат битолчани веројатно е е дека тренерот Наџи Шенсои ќе мора да си ги пакува куферите. Македонија ЃП и Победа ќе го играат дербито на дното додека во Штип домашните одат на победа против Шкупи по секоја цена.



Датум: 05.04.2017, 13:38
Статијата е прочитана 971 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense