| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.07.2017

Хасани и Османи веруваат во пласман во следното коло

Капитенот и тренерот на Шкендија, на попладневниот прес истакнаа дека нема да биде лесно на утрешниот реванш со Хелсинки, но дека тетовци ќе сторат се да се пласираат во следната рунда

Со доза на умерен оптимизам, со верба во своите квалитети и поради предноста од првиот меч од 3:1, во таборот на Шкендија веруваат дека имаат добри шанси да го елиминираат Хелсинки...
„Ќе влеземе во мечот максимално сериозно и сконцентрирано, ќе го дадеме максимумот и верувам дека ќе се пласираме во наредното коло“ истакна на пресот капитениот Ферхан Хасани.
Тренерот Османи пак повика на внимателност...
„Нема да биде лесно, иако тука дојдовме со добар резултат мораме да одиграме напаѓачки, поинаку и не знаеме, да постигнеме гол повеќе од противникот и така да дојдеме до резултат кој ни одговара. Полни сме со самодоверба“ изјави Османи.
Инаку доцна попладнето Шкендија на „Телиа 5Г Арената“ во Хелсинки, го одработи  последниот тренинг пред утрешниот меч кој започнува во 18 часот.



Датум: 19.07.2017, 22:12
Статијата е прочитана 1175 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense