| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.09.2017

Пандев: Со овие момци ќе имаме добра иднина

„Мислам дека во следните квалификации оваа генерација може да направи резултат“, изјави Пандев по мечот со Израел

Капитенот и стрелецот на единствениот гол во Хаифа Горан Пандев видно задоволен од резултатот и играта на натпреварот, после победата изјави дека може да се очекува многу од овие момци.

„Одигравме добро на тактички план. Израел во текот на целиот меч се бранеше, но успеавме да победиме. Оваа победа нека биде водич за понатаму, имаме млада репрезентација, подмладен состав, овие момци покажаа дека заслужуваат доверба. Мислам дека во следните квалификации овој тим може да направи резултат. Играњето за Македонија е најголем мотив за мене. Носењето на дресот на А-тимот е гордост за мене и за сите репрезентативци. Не чека уште еден тежок натпревар против Албанија во Струмица, каде верувам дека имаме мотив да победиме. Таа е наш должник, знаеме како загубивме на нивен терен на почетокот на овие квалификации“, изјави Пандев.

 



Датум: 02.09.2017, 23:57
Статијата е прочитана 2509 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense