| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.06.2017

Шкендија - Дачија: Милијарди се во прашање!


Познато е дека сопственикот на Шкендија, Лазим Дестани, е едно од најбогатите лица во Македонија, но малкумина знаат дека богатството на Адлан Шишканов, газдата на Дачија, се проценува на 6 милијарди евра

Ждрепката сакаше во 1. квалификациско коло од Лигата на Европа да се паднат Шкендија и Дачија. И тоа не е толку интересно колку што е интересен следниов податок. Имено, газдите или сопствениците на двата клуба се едни од најбогатите бизнисмени во Македонија и во Молдавија, поточно во Русија.
Во голема мера се знае за Лазим Дестани, човекот кој веќе четири години е на чело на клубот од Тетово. Важи за еден од најголемите и најбогати стопанственици во нашата држава, човек кому, главно, бизнисот му е надвор од државата.

Шишканов „тежи“ 6 милијарди евра

Адлан Шишканов е првиот човек на Дачија, еден од најголемите клубови во Молдавија. Тој влезе во клубот од Кишињев пред 7-8 години и го направи навистина модерен и релативно моќен клуб во Молдавија. Клубот редовно излегува во Европа и се бори за највисок пласман во тамошниот шампионат. Инаку, Шишканов потекнува од Чеченија, има руско државјанство и важи за еден од најбогатите Руси. Неговото богатство тежи, верувале или не, околу 6 милијарди евра, додека богатството на неговото пошироко  семејство се проценува на околу 20 милијарди евра.

Обложувалници, маркети, инвестиции...

Со името на Адлан Шишканов се врзуваат повеќе бизниси. Пред извесно време, тој држел синџир обложувалници, потоа има голем број маркети во Чеченија, Русија и во Молдавија, се споменува и нафтениот бизнис, а и разни големи инвестиции и слично. Сето тоа му дава големи приноси и затоа не му е тешко да издвои некое милионче за Дачија. Исто така, се споменува дека вложува и во некои други клубови, па и спортови, но, сепак, приоритет му е Дачија. Иако е од Чеченија, во Кишињев тој се чувствува како дома. Кога може, ги посетува фудбалерите на тренинг, а по никоја цена не отсуствува на натпреварите.



Датум: 22.06.2017, 10:34
Статијата е прочитана 5654 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense