| контакт | маркетинг

11.06.2017

Втора победа едноподруго за Довициозо

Андреа Довициозо ги изненади фаворизираните Шпанци за втора победа за седум дена, откако триумфираше на Каталонското ГП пред Марк Маркез и Дани Педроза

Довициозо донесе прва повторена победа за Дукати од 2010 година, откако од седмото место на стартот успеа да ги помине сите и само седум дена откако победи во Муџело, ја оствари првата победа за Дукати во Барселона од таа на Кејси Стонер во 2007 година.
„Ова беше навистина чуден викенд. Имав доволно брзина за да ја менаџирам трката. Мојот тим работеше совршено во текот на викендот“, вели Довициозо.
Лоренцо заврши на четвртото место пред Јохан Зарко и Јонас Фолгер, Алваро Баутиста беше седми, додека Валентино Роси беше далеку на седмото место. Маверик Вињалес по падот на 16. место, трката ја заврши како 10-ти.
Вињалес останува лидер во генерален пласман, но сега само со седум поени пред Довициозо, додека третопласираниот Маркез заостанува 23 поени.



Датум: 11.06.2017, 16:02
Статијата е прочитана 631 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense