| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.01.2018

„Изгоре“ тревата во Штип

Теренот на Градскиот стадион во Штип е во ужасна состојба. Комисијата од ФФМ беше денеска во Штип и предложи решенија како истиот да се санира.

Денеска во Штип пристигна делегација од ФФМ предводена од раководителот за инфраструктура Димитар Зисовски, која имаше за задача да изврши увид врз состојбата на теренот на Градскиот стадион во Штип. А таму што да види... Тревата, односно теренот кој беше комплетно реновиран и кој беше пуштен во употреба пред само една година е во ужасна состојба, за што говорат и фотографиите. Причините зошто е тоа така треба да се бараат во одговорните за одржувањето, а исттие велат дека има надеж теренот да се санира во рок од еден месец.
„Предложивме основни решенија со кои може времено да се подобри состојбата на теренот. Прво треба да се изврши тестирање на системот за наводнување, да се сменат прскалките, па потоа да се третира подлогата на теренот . Видовме дека подлогата е добра и ако бидат прифатени нашите решенија може многу лесно да се врати зелената трева на теренот.Си дадовме и рок, сите потребни работи да бидат завршени до 1 коло во пролетниот дел, односно за 1 месец. Сега се зависи од локалната самоуправа и ЈП Исар. Во секој случај, Брегалница напролет може да игра на реновиран терен, но и на сегашниот, ако ништо не се превземе. Доколку остане ваквата состојба на теренот, тоа ќе биде многу лошо. Утре ќе ги направиме пресметките за тоа колку средства за целиот проект ќе бидат потребни...“- изјави Димитар Зисовски.




Датум: 25.01.2018, 14:29
Статијата е прочитана 1935 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense