| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

03.01.2018

Штербик и Циндриќ во „трка“ за играч на годината

Голманот и средниот бек се во потесниот избор од девет ракометари на ЕХФ за најдобар ракометар за 2017 година

Двајца ракометари на европскиот првак Вардар, голманот Арпад Штербик и средниот бек Лука Циндриќ се во потесниот избор од девет ракометари на Европската ракометна федерација за најдобар играч за 2017 година.
Чуварот на мрежата имаше фантастична година и како МВП на Ф4 во Келн беше главната поддршка за освојувањето на европската круна, додека голот на Циндриќ во полуфиналето против Барселона влезе во историјата.


Навивачите преку онлајн гласање треба да го одредат победникот, а конкуренција на вардаровите ракометари се Сандер Сагосен (ПСЖ), Хулен Агинагалде (Келце), Момир Илиќ (Веспрем), Перез Де Варгас (Барселона), Џери Халбек (Иштад) и Мате Лекаи (Веспрем).



Датум: 03.01.2018, 13:54
Статијата е прочитана 241 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense