| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

30.08.2017

Марковски ќе вози Локомотива во Загреб!?

Кај „романтичарите“ ист проблем како оној во Вардар со Спировски. Фудбалерот сака да си оди а е слободен во јануари. Кире Марковски пред потпис во Хрватска

Кире Марковски, играчот од нападот на Работнички е пред трансфер во екипата на Локомотива од Загреб. Членот на славната наша генерација ан фудбалери кои избори пласман на ЕП за фудбалери до 21 година побарал од „романтичарите“ да ми излезат во пресрет и да го пуштат во Хрватска. Станува збор за трансфер во тим кој важи за филијала на големиот Динамо Загреб но и екипа која реално не е поголема од Работнички и нема голема финансиска моќ. Станува збор за понуда која доаѓа на само два дена до крајот на перодониот рок во Европа.

НОВ СЛУЧАЈ „СПИРОВСКИ“
Во Работнички се затекнати со новонастанатата ситуација и барањето на Кире Марковски да си оди. Ваков „проблем“ имаше и Вардар пред неколку дена кога се соочи со желбата на Стефан Спировски да си оди во друга средина.  Кире Марковски е слободен во јануари исто како и Спировски со Вардар. Кој губи, што да се прави!? Ако сега не го пуштат за неколку месеци ќе си оди за никаква оштета. Но што ќе плати сега Локомотива и дали Работнички ќе прифати проценти од можен следен трансфер. Многу незгодна ситуација во која е ставена управата на Работнички. Да се пушти играчот ќе значи и намалување на шансите за борба на водечките позиции во домашниот шампионат.



Датум: 30.08.2017, 11:26
Статијата е прочитана 2351 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense