| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.06.2017

Восканијан пред промоција во Шкендија

Тарон Восканијан речиси е нов фудбалер на Шкендија. Преговорите се прикрај, остануваат мали финеси и, секако, официјална промоција. Тетовци денеска во 19 часот против Бад Раткенсбург ќе ја одиграат својата прва контрола

 

Тарон Восканијан (24) ќе биде едно од најголемите и најзвучни имиња во таборот на Шкендија. Станува збор за исклучително квалитетен стопер и актуелен репрезентативец на Ерменија. По сѐ изгледа дека и Шкендија, исто како и Вардар, сака да го засили својот тим со играчи од оваа земја.
Тој речиси е нов фудбалер на тетовските „црвено - црни“, преговорите на неговите менаџери со раководството на Шкендија се прикрај, остануваат уште мали финеси и тој да дојде во Тетово, односно веднаш да замине за Топлице, каде што тимот на Шкендија е на подготовки.
Тарон е роден на 22.2.1993 година, во Ереван. Досега има играно во Пјуник, во Кармиотиса и на пат е да стане член на Шкендија. Се чини дека со него тетовци и дефинитивно го решаваат горливиот проблем во одбраната. На Википедија Ерменецот веќе е ставен како играч на Шкендија.


Денеска се стартува со пријателските
Од денеска Шкендија стартува со своите контролни натпревари. Прв ривал е австрискиот нисколигаш, тимот на Бад Раткенсбург, мечот почнива во 19 часот. Потоа на 17 јуни следува дуелот со Интер Запрешиќ, а на 20 јуни, противник ќе биде Марибор, некогашниот клуб на Агим Ибраими. Секако дека овие контроли ќе му бидат добредојдени на тимот, но и на стратегот Ќатим Османи, со цел што поподготвени да го дочекаат стартот на квалификациите во Лигата на Европа.

 



Датум: 13.06.2017, 10:36
Статијата е прочитана 3472 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense