| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.02.2017

ЦСКА ја наполни Шкендија

Шкендија прими осум гола на приателскиот меч против ЦСКА Софија


Шкендија прими осум гола на „генералката“ во Софија против домашниот тим на ЦСКА. Невиден срам за македонскиот тим кој прими шест гола за петнаесетина минути во првиот дел, а конечниот резултат гласи 8:1. А се почна доро за тетовци откако Ибраими погоди во 16. минута за 0:1, а потоа до крајот на полувремето резултатот гласеше 7:1!? Иако се работи само за пријателски меч во кој и двата тим комбинираа со составите сепак, реални ниту еден сериозен тим не смее да си дозволи да прими волкав број на погодоци, па и во каков состав и да излезе на теренот.
Откако домаќинот виде дека ќе се случи вистинска катастрофа, во вториот дел застана што се вели и постигна само уште еден гол. За ЦСКА на овој меч во листата на стрелците се изредија, Перес, Руи Педро, Меркадо, Долгеров, Десподов...



Датум: 11.02.2017, 13:54
Статијата е прочитана 6475 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense