| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.04.2017

Спировски со 50. настап во дресот на Вардар


Натпреварот против Работнички, беше 50. настап на Стефан Спировски во дресот на Вардар на официјални натпревари. Спировски го одигра целниот меч во градското дерби, а она што е најважно нашиот тим оствари победа и ги освои трите бодови.


Стефан Спировски го одигра целниот меч во градското дерби, а она што е најважно нашиот тим оствари победа и ги освои трите бодови.
„Среќен сум што овој мој 50-ти настап беше крунисан со победа на Вардар во дербито против Работнички. Со овие три бода продолжуваме по зацртаниот пат кон првото место на табелата на кое што сакаме да останеме што подолго, и се надевам дека така ќе продолжиме и во следните натпревари. Игравме добро, сите го дадовме максимумот и мислам дека заслужено победивме на оваа средба. Сега ќе треба веќе да почнеме да се фокусираме кон следниот натпревар затоа што веќе во среда играме нов првенствен меч. За нас следува еден жесток ритам од неколку меча во серија на кои секако дека ќе одиме на победи и на што повеќе бодови“, изјави Спировски по повод неговиот мал јубилеј во дресот на Вардар.
Фудбалер од средниот ред дојде во Вардар на почетокот на 2015 година од тимот на бугарскиот тим Берое. До сега одигра 43 првенствени натпревари, два во Лигата на шампионите, пет пати настапи во Купот на Македонија. До сега во дресот на Вардар постигна вкупно пет голови, сите во првенствените натпревари во дресот на „црвено-црните“.



Датум: 03.04.2017, 11:48
Статијата е прочитана 529 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense