| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.07.2017

Панучи: Дојдовме да победиме

Албанскиот селектор оптимист пред утрешниот меч

На официјалниот прес на Албанија селекторот Кристијан Панучи имаше пофални зборови за нашиот тим но е убеден дека неговите избраници се во предност и очекува победа.
„Екипата имаше два дена да се рехабилитира по мечот со Лихтенштајн, но да не заборавуиме дека и Македонија играше и патуваше во Израел. Очекувам утре играчите да пружат максимум, да одиграат добро и да оствариме поволен резултат, кој ќе не остави на третото место“ - изјави Панучи и додаде.
„Садику е подготвен за игра, а кој состав ќе игра ќе се знае пред натпреварот. Ние сме дојдени за да победиме, и ќе видиме како ќе не следи среќата. Ја респектираме Македонија која има добар состав, но Албанија располага со добри играчи кои можат успешно да се спротивстават и да пружат добар резултат“ - вели Албанскиот селектор.

ДА НЕ НИ СЕ ПОВТОРИ СТАРТОТ ПРОТИВ ЛИХТЕНШТАЈН
„Но, ако ние играме против Македонија, како првите триесет минути со Лихтенштајн, ќе имаме проблем. Токму затоа треба, од првата минута па се до деведесетатат минута, да одиграме максимално ангажирано и концентрирано. Стадионот е мал, но теренот е добар. Се случувало на вакви мали стадиони, изненадувања но ние ќе се погрижиме да нема такво нешто.“ - изјави селекторот на Албанија.

ПАНДЕВ Е ОДЛИЧЕН ИГРАЧ СИТЕ ЌЕ ИГРАМЕ ПРОТИВ НЕГО
„Пандев е одличен играч. Игра во Серија А, и има постигнато големи успеси секаде каде што играл, но не планирам да поставам конкретен играч да се грижи за него. Целата екипа треба да игра против сите играчи. Голем респект кон Македонија, имаат млади но квалитетни играчи. Нормално ќе влеземе да ја играме нашата игра и да ја лимитираме играта на средниот ред на Македонија„ - изјави Панучи.



Датум: 04.09.2017, 19:34
Статијата е прочитана 1698 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense