| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.12.2017

ФК СКОПЈЕ: ИСТАПУВАМЕ ОД ПРВА ЛИГА

По мечот во кој ФК Скопје очигледно имаше многу примедби на судењето на Александар Ставрев, од клубот излегоа со мини соопштение во кое се вели дека клубот сериозно размислува да се откаже од понатамошен настап во првата фудбалска лига

„Она што се случуваше вчера ги помина сите граници. Не верувавме дека и еден меѓународен судија како што се Александар Ставрев може да суди така катастрофално. Уште во сопштението пред десетина кола, најавивме дека има судиски неправди нанесени на  ФК Скопје. И во сиот овој изминат период, Душко Стојановски, Емил Божиновски и Мијалчо Михаилов не најдоа за сходно да ни обрнат внимание и да ги прегледаме десетината снимки кои докажуваат дека сме оштетени сиот овој изминат период. По сето ова што се случуваше изминатиот период ние планираме да истапиме од лигата, односно да не се натпреваруваме повеќе. Па каде се видело во 18. кола на еден тим да не му е досуден ниту еден пенал. Е тоа нам ни се случи есенва“ - велат во соопштението на ФК Скопје во кое секако се управата, спонзорите и сите вклучени во организацијата на клубот.



Датум: 04.12.2017, 11:59
Статијата е прочитана 7091 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense