| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.06.2017

Напаѓач на Сантос доаѓа во Вардар

Матеус Лима Круз (24) ќе биде на проба неколку денови во редовите на нашиот шампион. Има настапувано за повеќе екипи од Бразил, играл за Кукс а последен клуб му бил Сантос

Бразилецот Матеус Лима Круз (24), е потенцијално ново име во нападот на Вардар. Како што дознаваме, тој ќе биде на неколкудневна проба во редовите на шампионот, и ако ги задоволи критериумите на тренерот Гоце Седлоски би можел и да остане.
Инаку станува збор за робусен напаѓач, висок 187 сантиметри, бил член на повеќе клубови во својата земја, играл пред две години за Кукс, а доаѓа од Сантос, еден од најголемите клубови во Бразил.
Инаку вардарци пристигнаа во Бад Тацмансдорф (Австрија) каде ќе се подготвуваат за настапот во квалификациите во Лигата на Шампионите.



Датум: 18.06.2017, 12:50
Статијата е прочитана 5104 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense