| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ


07.12.2017

Нека светне во последната европска ноќ

* Вардар вечерва (21:05 Ч) го пречекува Розенборг, на шестиот меч од групата Л во ЛЕ. „На нивни терен, несреќно бевме поразени, иако ги надигравме, имавме шанси. Сега е време да им вратиме“, вели Бобан Николов

 

Вечерва, Вардар ја завршува својата европска „бајка“. „Бајка“ која ќе биде запаметена, со оглед на тоа дека тоа беше првиот македонски тим кој   учествуваше во групна фаза од едно европско натпреварување.
„Црвено-црните“ немаат никакви шанси за презимување во Европа. Веќе се испаднати и јасно е дека ќе бидат последни. Но посакуваат чесно збогување од Лигата на Европа, од оваа година, која ќе им остане во долго сеќавање, година во која  запишаа нови реченици и нова страница во својата 70-годишна историја.
Последната шанса за бодови на Вардар се вика Розенборг. Иако се надевавме, сепак, бодовите против далеку посилните Зенит и Реал Сосиедад не дојдоа. А, токму норвешниот тим беше и најголемата шанса пред добивањето на групата да се запишат првите поени во оваа фаза и да се запише нова историја на црвено-црниот тим.

Последна шанса за бодови

Ова е последната шанса на Вардар за бодови и последна надеж да каже „збогум“ со радост. И реално е да се очекува против Розенборг, на домашен терен, да се дојде до тие толку посакувани поени во групната фаза, кои досега ги немаше.
„Верувам дека со максимална концетрација, може да стигнеме до трите бода. Розенборг ни малку не е лош противник. Таму игравме добро, несреќно загубивме, ја имивме иницијативата, но тие победија. Сега се надевам дека ќе се случи да ги освоиме првите историски бодови, бидејќи оваа македонска јавност заслужува добар фудбал“, вели Бобан Николов, фудбалерот од средниот ред на Вардар.

 



Датум: 07.12.2017, 11:08
Статијата е прочитана 254 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense