| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.11.2017

Ивановски му донесе победа на Славен

Македонецот погоди за победа на гостувањето кај Рудеш. Стигна до пет гола сезонава во хрватската лига

Екипата на Славен Белупо со триумф од 2:1 си замина од гостувањето кај Рудеш, во 15. коло од хрватското првенство. За Славен Белупо ова е четврта победа сезонава и полека но сигурно тимот бега кон средината на табелата. Погодокот на за победа на гостите го даде македонскиот интернационалец, Мирко Ивановски во 53. минута.
За Ивановски тоа беше петти погодок сезонава во десеттиот настап за тимот од Копривница. Да потсетиме повремениот македонски репрезентативец на крајот на јули и почетокот на август даде по еден гол на три меча по ред (Локомотива, Интер и Цибалија), а заедно со денешниот еден гол има два против Рудеш.


 



Датум: 17.11.2017, 22:16
Статијата е прочитана 379 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense