| контакт | маркетинг

20.10.2017

Во недела кружна трка во Скопје

По седумгодишна пауза, повторно ќе има кружна автотрка на скопскиот асфалт! Викендов, во организација на АКК Примо АВЈ, ќе се одржи меѓународната трка „Скопје круг 2017“

По пауза од 7 години, кружните автотрки повторно се враќаат на скопскиот асфалт! Во организација на АКК Примо АВЈ и со поддршка на Агенцијата за млади и спорт, викендов ќе се одржи меѓународната трка „Скопје круг 2017“. По долгогодишната пауза, нашите најдобри возачи се враќаат на традиционалната скопска патека пред зградата на Македонската телевизија, на булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Беласица“, пред влезот во Скопски саем.

Тренинзите и квалификациите ќе се одржат в сабота, а главната трка в недела. Двата дена, настанот ќе започнува од 12 часот.
Долги години многубројните фанови на автотрките во Скопје токму на оваа патека имаа можност да уживаат во мајсториите на голем број легендардни имиња и мајстори на октани како од нашата земја така и од регионот. Овој викенд ќе ја освежиме колективната меморија и повторно ќе имаме можност да гледаме возбудливи дуели на ова парче од легендарниот скопски асфалт.

Трката ќе има и меѓународен карактер и на неа, освен домашни возачи, ќе настапат и екипажи од Србија, Бугарија и од Косово, а има најава и за учесници од Грција. Патеката ја задржува стандардната должина од 2.050 метри.



Датум: 20.10.2017, 12:48
Статијата е прочитана 582 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense