| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

30.06.2017

Лигата во Македонија е на 46. место во Европа

Шокантно е тоа што националната лига на Фарски Острови е едно место пред нашата

Македонската национална лига се наоѓа на 46. место во Европа. Тоа е рангирањето за јуни на Европската куќа на фудбалот. Инаку, предвид се земаат, така барем стои во образложението, резултатите на репрезентациите во квалификациите за минатото ЕВРО, самите мечеви од тоа првенство и резултатите од квалификациите. Токму поради тоа, националната лига на Германија е прва, втора е онаа на Португалија, првата земја е светски првак, а втората - европски првак. Трета е Белгија, додека на четвртото и на петтото место се лигите на Франција и на Шпанија. Инаку, најинтересно на оваа табела е што националната лига на Фарските Острови е едно место подобра од нашата.

 



Датум: 30.06.2017, 19:42
Статијата е прочитана 3546 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense