| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.08.2017

Лидс победува, Алиоски асистира но се жали и на повреда



Уште една одлична партија на нашиот репрезентативец, која сепак не ја круниса со првиот гол за Лидс во Чемпионшип

Езџијан Алиоски асистира, Лидс победува, така беше и вечерва на гостувањето кај Сандерленд, во меч во кој тимот на нашиот репрезентативец славеше со 2:0. Иако не успеа да го постигне својот прв гол за Лидс во Чемпионшип, Алиоски одигра уште една одлична партија за својот нов тим. Во 21.минута Лидс поведе преку Саиз на асистенција на Џани. Во 76.минута Алиоски беше инспиратор на акцијата која со гол ја заврши Далас. На пет минути до крајот на мечот тој беше удрен од еден домашен фудбалер и се пожали на повреда на зглобот на десната нога, но и така повреден го одигра самиот финиш на мечот зошто Лидс немаше право на замена.

 


 



Датум: 19.08.2017, 20:30
Статијата е прочитана 1341 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense