| контакт | маркетинг
ТЕНИС

11.06.2017

Надал со „десетка“ од Париз!

Рафаел Надал ја освои својата 10-та титула од Ролан Гарос, откако во еднострано финале со 6:3/6:2/6:1 го „уништи“ Швајцарецот Стен Вавринка

Падот на формата последните две години придонесе многу тениски експерти да го „отпишат“ Надал од листата на можни следни гренд слем победници, но по загубеното финале на Австралискиот опен од Роџер Федерер беше јасно дека Шпанецот полека се враќа во вистинска форма.
За 31-годишниот Надал ова е 15-та гренд слем титула, но прва од 2014 година, кога го победи Новак Ѓоковиќ во финаолето во Париз. Надал има само три големи трофеи помалку од Роџер Федерер (18), со кого сега му следува епска битка на Вимблдон.



Датум: 11.06.2017, 17:32
Статијата е прочитана 1310 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.09.2017
21.09.2017
21.09.2017
21.09.2017
21.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense