| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.08.2017

Алими: Нема да биде лесно со Тракаи, но одиме на победа


„И покрај поразот во Вилнус сепак сметам дека тие 1:2 се добар резултат за да во реваншот и со минимална победа се пласираме во плејофот во ЛЕ“ вели Арменд Алими

Шкендија во четврток ја чека возвратниот дуел со литванскиот тим Тракаи во рамките на 3. Квалификациско коло во ЛЕ. Во отсуство на Штефан Вучиќ, Арменд Алими треба да биде еден од клучните играчи на тетовци во средината од теренот.
„И покрај поразот во Вилнус сепак сметам дека тие 1:2 се добар резултат за да во реваншот со минимална победа се пласираме во плејофот во ЛЕ. И тоа по втор пат едноподруго. Сите ние во Шкендија сме свесни дека нема да биде лесно, Тракаи е добар тим, тоа го покажа на првиот меч, но јас мислам дека се зависи од нас. Ако ние одиграме како што треба, ако бидеме на своето ниво тогаш секако дека ќе ја оствариме целта, а таа е пласман во следната фаза“ изјави Алими.



Датум: 01.08.2017, 21:07
Статијата е прочитана 1044 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense