| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.02.2018

Фазлагиќ од Шкендија прави трансфер во Динамо Загреб!?

Енис Фазлагиќ на мечот со Динамо го импресионирал Здравко Мамиќ. Газдата на Динамо пројавил интерес и за Марјан Радески и Мевљан Мурати

Ако му се верува на хрватскиот портал „девно.хр“, бисерот на Шкендија и мак-фудбалот Енис Фазлагиќ, е пред трансфер во Динамо Загреб. Здравко Мамиќ, газдата на Динамо бил импресиониран од играта на младиот играч за врска на тетовци, инаку роден 2000 година, и бил подготвен да достави понуда. Од редовите на Шкендија не сакаат да ги коментираат пишувањата на медиумите во Хрватска, само велат дека и за Фазлагиќ но, и за сите нивни играчи има понуди и голем интерес. Во „дневно.хр“ пишува и дека Мамиќ пројавил интерес и за Марјан Радески и Мевљан Мурати.
Инаку да потсетиме дека Шкендија и Динамо Загреб завчера одиграа 0:0 во Анталија, а овој меч заеднички го следеа претседателите на двата клуба Висар Беџети и Здравко Мамиќ.


 



Датум: 01.02.2018, 12:55
Статијата е прочитана 6488 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense