| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.06.2017


Исени пред трансфер во Вардар


Како што ексклузивно објави „Македонски спорт“ во своето печатено издание, а веста утринава ја пренесоа и дел од порталите, најдобриот фудбалер на Шкупи би можел да го облече дресот на Вардар


Еден од најталентираните играчи во македонскиот шампионат за изминатата сезона и член на Шкупи, Бесир Исени би можел да го облече дресот на шампионот Вардар. „Македонски спорт“ дознава дека првакот е подготвен да тргне во мисија за ангажман на играчот од средниот ред на Шкупи.
Исени (20) беше еден од најзаслужните за опстанокот на чаирскиот тим, а згора на тоа може да биде и како младинец, нешто што ќе му треба на првакот за идната сезона. Освен во средниот ред, Исени може да игра и како крилен напаѓач. Тој е член на помладите селекции на Македонија.

 



Датум: 13.06.2017, 11:26
Статијата е прочитана 4787 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense