| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.05.2017

ИНТЕРВЈУ СО ИЛИЈОСКИ: Баже гол-кралот на стрелците

„Пресреќен сум, не е мала работа да си најдобар меѓу најдобрите. Да си рекордерот во својата земја, да си пред еден Бошковски, Мицевски, Димитровски и др. Сето вложено од моја страна во фудбалот ми се врати на најдобар можен начин. Но ова не е крај, имам сила во мене за уште некој гол, за уште некоја радост“, вели рекордерот Илијоски

Таа 66. минута од средбата Силекс - Пелистер, меч од 34. коло одигран во Кратово, засекогаш ќе му остане во сеќавање на Баже Илијоски. Токму во тие моменти тој ја затресе мрежата на кратовци, тоа беше гол за Пелистер и за израмнување на резултатот на 3:3, но поважно е тоа што тој гол, за него, беше 126. Со тоа, тој го надмина досегашниот рекорд на Зоран Бошковски-Чоко, поставен уште пред 15 години. Толку време одолеваше тој рекорд на популарниот Чоко, но еве, Баже успеа да го надмине. И сега тој е кралот на стрелците во историјата на самостојна Македонија, во изминатите 25 шампионати во нашата Прва лига.
Илијоски го сруши рекордот на возраст од 32 години, а кога сме кај головите, да кажеме и тоа дека тој освен за Пелистер, неговиот актуелен тим, стрелаше и за Работнички. Тој е дете на клубот од Градскиот парк и на Металург. Имено, во два наврата го носеше дресот на „железарците“.


ЧУВСТВОТО Е ПОСЕБНО
„Македонски спорт“ не пропушта можност да направи мегаинтервју со новиот рекордер.
„Чувството е посебно. Пресреќен сум, не е мала работа да си најдобар меѓу најдобрите. Да си рекордерот во својата земја, да си пред еден Бошковски, Мицевски, Димитровски и др. Сето вложено од моја страна во фудбалот ми се врати на најдобар можен начин. Но ова не е крај, имам сила во мене за уште некој гол, за уште некоја радост. Свесен сум дека, со оглед на годините, немам уште многу натпревари, уште многу сезони се пред мене, но ќе се трудам на секој нареден меч да постигнам гол. Се надевам дека ќе успеам во тоа, се надевам дека оваа бројка од 126 голови ќе биде уште поголема, барем нека биде 130, па и повеќе. Секогаш сум бил оптимист. Само да сум здрав и да бидам форма, сѐ останато ќе се дојде само по себе“, констатира Баже Илијоски, новиот крал на стрелците во Македонија. 

*Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“.



Датум: 27.05.2017, 14:24
Статијата е прочитана 5595 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense