| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.07.2017


Работички и Фљамунтари без голови

Скопскиот тим без „муниција“ против косовската екипа

Работнички одигра непопуларни 0:0 против Фљамунтари од Приштина. Пријателскиот меч кој се одигра на помошното игралиште на Работнички не донесе многу возбуда, а што се однесува до шансите „романтичарите“ ги имаа повеќе но ниту еднаш не ја затресоа мрежата на гостите. Во првото полувреме за Работнички настапија оние играчи кои не добиваат голема минутажа, додека во второто полувреме влегоа речиси сите првотимци.
Фљамунтари е на подготовки во Македонија ќе одигра уште два натпревари, против Шкупи и против Ренова.



Датум: 28.07.2017, 21:04
Статијата е прочитана 1408 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense