| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.01.2017

Чеде остана без изненадување


Екипата на Васланд Беверен, чиј тренер е Чедомир Јаневски загуби на гостувањето кај Клуб Бриж со 2:1.

Тимот на Јаневски прими гол уште во деветтата минута, но возврати девет минути по стартот на второто полувреме. Тоа реми од 1:1 Беверен го одржуваше до петнаесетина минути до крајот кога Бриж постигна упте еден погодок, доволен за победа.
Со овој пораз Васланд Беверен остана на третото место од долу на табелата, со четири бодови предност пред последнопласираниот Мускрон, додека Клуб Бриж е прв со два бода предност пред Андерлехт.



Датум: 25.01.2017, 22:27
Статијата е прочитана 1339 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense