| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.05.2017

„Романтичарите“ домаќини на „Борис Трајковски“


По пауза од неколку години, стадионот во Маџари ќе биде домашен терен за клубот од Градскиот парк


Работнички, како сериозен клуб, ќе го почитува договорот со раководството на „Телеком арената“. Откако заврши сезоната за момците на стратегот Виктор Треневски со пласман во фудбалска Европа, клубот од Градскиот парк ќе го игра својот последен меч како домаќин во ова првенство на стадионот „Борис Трајковски“, иако има уште две кола до крајот.
Имено, договорот со првите луѓе на арената беше „романтичарите“ да играат на „свој“ терен сѐ од оној момент кога и дефинитивно ќе изборат пласман во Европа, а потоа да си побараат алтернативен стадион.
Ова значи дека дуелот со Победа, во рамките од претпоследното 35. коло во домашниот шампионат, Работнички ќе го одигра на стадионот „Борис Трајковски“, со почеток во 16:30 часот. Овој стадион не му е непознат. Да се потсетиме дека пред неколку години, тимот од Градскиот парк ја истурка речиси цела сезона на „Борис Трајковски“.
Инаку, на овој натпревар, но и на оној последниот со Брегалница во Штип, стратегот Виктор Треневски има намера да им даде шанса на оние свои фудбалери кои досега имаа помала минутажа.



Датум: 25.05.2017, 11:22
Статијата е прочитана 2695 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense