| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.05.2017

Победа или трета лига за Тетекс

Во директен дуел против Тиквеш, екипата на Тетекс ќе се бори да не биде и математички елиминирана на едно коло до крајот на сезоната. На кавадарчини, пак, им треба барем еден бод за во последното коло да влезат на позиција надвор од зоната за испаѓање

Натпреварот меѓу Тетекс и Тиквеш, може да реши голем дел од дилемите околу тоа кои екипи наредната сезона нема да бидат дел од Втората лига, но истовремено може и максимално да ја искомпликува состојбата околу испаѓањето пред последното коло. И двата тима во овој дуел влегуваат со солидна форма од последните две кола. Тетовци имаат победа и нерешено, додека кавадарчани два триумфа. Проблем за фудбалерите на двете екипи може да биде тоа што поради тоа што не добија дозвола да играат на Градскиот стадион, средбата ќе се игра на теренот со вештачка трева, што може да биде проблем на високите температури.
За екипата на Тетекс, математиката е повеќе од јасна, доколку не го совлада директниот ривал, ги губи сите шанси за да биде пдобро пласиран од Тиквеш, а со тоа и си го обезбедува местото во Третата лига за следнтата сезона. Тетовци заостануваат три бодови зад Тиквеш, но имаат и послаб скор во меѓусебните дуели и тоа им ја наметнува неопходноста од триумф.

ДВОЈКИ 26. КОЛО
СКОПЈЕ - МЕТАЛУРГ
НОВАЦИ - А.ПАНДЕВ
ЕУРОМИЛК - ВЛАЗЕРИМИ
ХОРИЗОНТ Т - ВАРДАР (Н)
ТЕТЕКС - ТИКВЕШ

ТАБЕЛА
1.А.Пандев 62, 2.Скопје 50, 3.Новаци 42, 4.Еуромилк 34, 5.Хоризонт Т. 25, 6.Влазерими 31, 7.Металург 26, 8.Тиквеш 25, 9.Вардар (Н) 22, 10.Тетекс 22



Датум: 20.05.2017, 12:52
Статијата е прочитана 1952 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense