| контакт | маркетинг

26.05.2017

Рафа и Новак би се судриле во полуфинале!

Рафаел Надал ќе мора да го „собори“ Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Ролан Гарос доколку сака да стигне до својата 10. титула на гренд слемот на земја

Четвртиот носител Надал, кој оваа година загуби само еден меч на земјена подлога, има незгоден старт против Французинот Беноа Пер, додека Ѓоковиќ почнува против Шпанецот Марсел Гранољерс, човек кој три од своите четири титули ги освои на црвена земја.
Светскиот број 1, Енди Мареј, кој нема најдобра пролет, ќе игра со Русинот Андреј Кузнецов и го очекува можен дуел во третото коло со специјалистот на земја Николас Алмагро или со поранешниот гренд слем шампион, Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро. Третиот носител, Стен Вавринка, шампионот од 2015, ќе игра со квалификант во првото коло, а може да се сретне со Мареј во полуфиналето.
Оваа година на турнирот недостасуваат неколку големи имиња - 18-кратниот гренд слем шампион Роџер Федерер, кој го „прескокнува“ турнирот, двократната шампионка, Марија Шарапова, која не доби вајлд-карта, и трикратната шампионка Серена Вилијамс, која е бремена.

 



Датум: 26.05.2017, 15:34
Статијата е прочитана 851 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense