| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.01.2018

Конечно и Пелистер ги стартуваше подготовките

Последни од сите наши прволигашки клубови, битолчани под водство на новиот тренер Марјан Секуловски денеска означија старт на зимските подготовки

Конечно и Пелистер тргна со зимските подготовки. По сите оние проблеми со кои се соочуваше битолската фудбалска гордост, од денеска играчите на Пелистер се во тренажен процес. Иако свесни се дека последни од сите останати стартуваа со подготовките, битолчани сметаат дека можат да го надополнат пропуштеното. На играчите, на тие што останаа по сиот оној силен егзодус, на денешниот прв собир  претставен им беше новиот тренер Марјан Секуловски кој е повратник на клупата на „зелените“, инаку негови помошници ќе му бидат Пеце Миленковски и Саше Петровски. Додека новиот спортски директот Менде Степановски им вети дека на играчите дека ќе се направи напор примањата да бидат редовни.



Датум: 17.01.2018, 18:03
Статијата е прочитана 1394 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense