| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.07.2017

Савиќ потпиша за Актобе

Душан Савиќ е нов член на тимот на Актобе. Сега веќе екс играчот на Тобол летово си замина од тој клуб и премина во објективно далеку поорганизираниот, и финансиски помоќен клуб

Савиќ веќе четврта сезона е во Казахстанскиот шампионат, а ова ќе му биде четврти клуб. Покрај Актобе и Тобол тој настапуваше и за екипите на Жетису и Каисар. Тој е претставен како едно од најголемите засилувања на тимот ова лето, ко е едоведен во голема мера да го дигне квалитетот на нападот на Актобе.
Савиќ е еден од најмаркантните ликови во македонскиот фудбал од проста причина што во моментов има 31. година, а промени во неговата фудбалска кариера ни помалку ни повеќе 16. клубови. Србинот, кој уште како младинец зеде македонски пасош и беше доведен во струмичка Беласица забележа настапи за македонската младинска репрезентација, но и за онаа сениорската, а во домашниот шампионат настапуваше уште и за Работички, Победа и секако Вардар. Потоа беше дел од од Пантахор, Брашов, Инчон, Волин, Ховерла, Славија софија и гореспоменатите казахстански прволигаши. 

 



Датум: 03.07.2017, 18:35
Статијата е прочитана 2605 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense