| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.01.2018


Фазлагиќ одличен, Цуцули со повреда


*Тренерот на Шкендија Ќатип Османи му дава шанса на младиот Енис Фазлагиќ, и тој добро се снаоѓа во средниот ред. Ардијан Цуцули има повреда на зглобот и го чека пауза од десетина денови


Шкендија во изминатиот дел од подготовките одигра два пријателски меча. Првиот со Победа во Охрид кога успеа да победи со 2:0, додека во Анталија со Цирих загуби со 1:2. Иако во првиот дел имаше шанси за водство од 2-3 голови разлика. Секако дека овие мечеви се за воигрување на тимот, така да не треба премногу да се обрнува внимание на резултатите. Интересно е тоа што стартер и на двата меча во средниот ред беше младиот Енис Фазлагиќ, кој успеа да ја искористи својата шанса и да се наметне во стартнсиот состав. Секако дека тука конкуренција му е и нешто поискусниот Енур Тотре, но ако Фазлагиќ продолжи со добрите игри секако дека ќе има голема минутажа во пролетниот дел.

 

Десетдневна пауза за Ардијан Цуцули


Освен Енур Тотре, конкуренција во тој дел од тимот ќе му биде и Арбин Зејнулаи, но овој има повреда и тој не е во Анталија заедно со останатите играчи на Шкендија. Да биде малерот поголем во Анталија на дуелот со Цирих и тоа уште во раната фаза од мечот, се повреди Ардијан Цуцули. Тој се здоби со дисторзија на скочниот зглоб на левата нога и во наредните десетина денови ќе мора да паузира од играње пријателски мечеви. Повредата не е страшна но не може да игра натпревари како што рековме и не може да тренира оптимално. Затоа Цуцули во следните денови ќе работи во сала и ќе џогира.


 



Датум: 25.01.2018, 19:42
Статијата е прочитана 2513 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense