| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.03.2017

ПЕРФЕКТНА НАЈАВА ЗА ЕП: Радески ја „реши“ Бугарија

Нашиот напаѓач во последните мигови од првиот дел го даде победоносниот гол за Македонија на контролниот меч со Бугарија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија оствари победа од 1:0 против Бугарија во последната контрола пред стартот на Европското првенство. Марјан Радески со гол во 43. минута го постигна единствениот погодок, откако претходно следеше одлична асистенција на Никола Ѓорѓев.
Нашата репрезентација беше поконкретна, додека противникот имаше само една посериозна шанса пред нашиот гол.
Во вториот дел, двата селектори направија голем број на промени, а до крајот Македонија имаше шанса порано да ја потврди победата.
Во 86. минута, Петар Петковски не успеа да реализира пенал откако неговиот шут кој беше упатен по средината на голот го одбрани голманот на Бугарија.



Датум: 28.03.2017, 15:55
Статијата е прочитана 4475 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense