| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.06.2017

На Србија напаѓаме со Аврамовски

Екс играчот на Црвена Звезда ќе го освежи стартниот тим на Македонија на ЕП во Полска. За неколку минути почнува битката во Бидгошч против северниот сосед

Благоја Милевски со две измена во стартниот тим. На местото од Ангелов во стартните 11 за дуелот со Србија влегува Аврамовски, а на местото на Демири ќе игра Мурати. Оваа измена беше и за очекување со оглед на тоа дека Аврамовски пред да замине во Олимпија беше дел од Црвена Звезда и добро ги знае квалитетите на репрезентативците на Србија.
Тоа значи дека во дуелот кој почнува за неколку минути ние влегуваме со Алексовски на голот. Зајков и Велковски се стопери а Бејтулаи и Мурати се на крилните позиции. Најсилни сме на средината и таму се Бабунски, Барди и Николов. Покрај Аврамовски во шпицот се Радевски и Марковски. Среќно момци...!

 



Датум: 20.06.2017, 17:15
Статијата е прочитана 1214 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense